• сабота, 23 ноември 2024

Општина Ново Село продолжува со делење канти за отпад за секое домаќинство

Општина Ново Село продолжува со делење канти за отпад за секое домаќинство
Струмица, 18 февруари 2020 (МИА) - Општина Ново Село продолжува со акцијата „Канта за отпад за секое домаќинство“, која започна во септември минатата година. Преку грант од проектот за подобрување на општинските услуги, спроведeн од Министерството за финансии, набавени се 2.039 пластични канти. Проектот е финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој, а се спроведува како дел од активностите на општината да ги ублажи последиците и да го намали загадувањето. -Општина Ново Село во соработка со ЈПКД „Комуна“ во наредниот период ќе ги посети сите населени места и ќе се доделуваат кантите, а за оние граѓани кои немаат склучено договор со комуналното претпријатие веднаш ќе склучуваат и договори, информираат од локалната самоуправа. Општината апелира до граѓаните да не фрлаат отпад на јавни површини и да создаваат диви депонии, а секое прекршување најстрого ќе се казнува.рт/бт/

Остани поврзан