Општина Неготино ќе стипендира најдобар студент
- Општина Неготино ќе стипендира најдобар студент, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.

Неготино, 17 октомври 2024 (МИА) - Општина Неготино ќе стипендира најдобар студент, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.
- До вторник може да се поднесуваат пријави за стипендирање на најдобар студент од општина Неготино за учебната 2024/2025 година, соопштија од општинската прес служба, потсетувајќи ги заинтересираните да се пријават.
Оттаму појаснија дека врз основа на правилникот за условите, начинот и критериумите за доделување на стипендии, Општина Неготино ќе додели една стипендија во висина од 6.000 денари. Стипендијата ќе се исплаќа 9 месеци во годината, со услов студентот во моментот на пријавувањето да има завршено најмалку една година од студиите на високото образование. свд/мд/
Фото: МИА архива