• сабота, 23 ноември 2024

Општина Маврово Ростуше ја поздрави одлуката на Владата училиштата да се префрлат на регулиран пазар на струја и упати апел за штедење

Општина Маврово Ростуше ја поздрави одлуката на Владата училиштата да се префрлат на регулиран пазар на струја и упати апел за штедење
Дебар, 4 септември 2022 (МИА) - Општина Маврово Ростуше, како локална самоуправа, ја поздрави одлуката на Владата, основните и средни училишта да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија. - Сметаме дека ова е драгоцена помош во време на глобална криза, која значи намалени сметки за електрична енергија и намалени трошоци за нашата општина, каде делуваат четири основни и едно средно училиште, оценуваат од општината. Додаваат дека со оваа и со слични мерки се овозможува непречено одвивање на образовниот процес во зимски период со физички присуство. -Исклучително важно за нашите деца е што учебната година ќе се одвива нормално и непречено, со физичко присуство. Тоа беше наш приоритет, и во интерес и на наставниците и на учениците и нивните родители, наведуваат од општината. Според одлуката на Владата, нагласуваат,  далеку поевтина електрична енергија ќе плаќаат и здравствените установи, што значи дека здравствениот  дом и амбулантите во општината ќе продолжат да работат непречено. -За струјата да ја има постојано, оваа зима мораме да штедиме. Ние како општина веќе имаме преземено мерки за заштеда на електрична енергија и во оваа насока ќе одржиме и средби со месните заедници за заеднички да најдеме начин како побезболно да заштедиме електрична енергија, посочуваат од општината. Упатуваат повик  и до деловните субјекти, но и домаќинствата исто така рационално да ја користат електричната енергија со што ќе добијат пониски сметки за струја. вт/вј/

Остани поврзан