• сабота, 31 август 2024

Општина Маврово и Ростуше доби четири нови модерни детски забавни паркови

Општина Маврово и Ростуше доби четири нови модерни детски забавни паркови
Дебар, 14 ноември 2022 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше доби четири нови модерни детски забавни паркови.
- Детските забавни паркови се во населените места Маврови Анови, Жировница, Требиште и Скудриње. Разбирливо ним најмногу им се  израдуваа најмладите, што кај нас побуди посебно чувство на задоволство, објави  градоначалникот Медат Куртовски.
Според него средствата се обезбедени од страна на Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион (ЦРППР) во соработка со општината.
Куртовски најавува продолжување на вакви и слични проекти во интерес на најмладите.
Паралелно  со тоа во тек на реализација се и неколку проекти за подобрување на патната инфраструктура во и до населените места. вт/сст/

Остани поврзан