• среда, 25 декември 2024

Општина Кочани обезбеди 1,5 милион денари за чистење на одводните канали во полските села

Општина Кочани обезбеди 1,5 милион денари за чистење на одводните канали во полските села
Кочани, 30 јануари 2021 (МИА) – Општина Кочани обезбеди 1,5 милион денари од сопствениот буџет за чистење на околу 3,5 километри земјени канали во рамничарските села Горни и Долни Подлог. Локалната самоуправа првпат презема ваква активност, во рамки на законските ингеренции за заштита од поплави на населените места, при што ќе се работи на машинско чистење на одводните канали. -Планиран е ископ на земја од каналите на длабочина од 30 до 50 сантиметри, а ќе се отстранува и обраснатата трева, трска и корења од дрвја. Ископаниот материјал ќе се носи на градската депонија и со чистењето на ваков начин ќе се опфатат канали со должина од над 2,6 километри. Дополнително, уште 700 метри ќе бидат машински исчистени, но извадената земја и другиот материјал ќе бидат одлагани покрај самите канали, како дополнителна заштита од можно излевање на водата, истакнуваат од Одделението за уредување градежно земјиште на Општина Кочани. Веќе е објавен јавен повик за избор на давател на услугата, а рокот за пријавување е до 10 феврауари. Со избраниот изведувач ќе се склучи договор, по што во период од два месеца тој треба да ги исполни презмените обврски. Неисчистените канали и фрлањето комунален и друг отпад во каналите, беше една една од причините што минатото лето беа поплавени селата Грдовци, Горни и Долни Подлог каде водата навлезе во дворовите и домовите, а направи голема штета на складираното жито и сточната храна во амбарите, како и на градинарските посеви.та/бт/

Остани поврзан