• сабота, 23 ноември 2024

Општина Кисела Вода го празнува патрониот празник Ѓурѓовден

Општина Кисела Вода го празнува патрониот празник Ѓурѓовден

Скопје, 6 мај 2023 (МИА) - Со забавни и разновидни содржини за сите генерации, Општина Кисела Вода денеска го празнува  својот патронен празник Ѓурѓовден. 

Децата ги забавува најпознатиот детски лик Биби од платформата „Светот на Биби“, се пеат хитовите од детскиот фестивал „Поточиња“, кој годинава слави 20 години постоење. На сцената дечињата се забавуваат со танчерите од Студиотo за танц „Данса Латина Стефи”.

Настанот го отвори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој утрото присуствуваше на света литургија по повод празникот посветен на Свети Ѓорѓи Победоносец, во истоимената црква во Кисела Вода. Ѓорѓиевски истакна дека чествувањето на патронот е важен чин кој говори за еден континуитет на постоење, на историја и култура, на традициите, на нераскинливата врска на минатото со идината преку сегашноста на која ние сме автори. 

-Затоа е многу важно ние како генерација да дадеме свој печат и да оставиме нешто што ќе биде вредно за паметење за оние што доаѓаат по нас. Во овој миг, говорам за сплотеноста, за тоа што и денеска ве има во огромен број, за партнерството кое го имаме преку укажаната доверба за реализација на сите досегашни проекти, но и на планираните, како и на оние проекти што допрва следат. Нашата општина Кисела Вода, се развива и расте во сите сфери на делувањето. Културата и општествените случувања како денешниов настан се само еден од чекорите во траекторијата на развој која заеднички ја исцртуваме. Само така можеме да гарантираме една подобра и светла иднина за нашето општество, рече тој.

Тој најави дека како градоначалник ќе продолжи да ги унапреди условите за нивен развој, да создаваат опкружување каде што секое дете ќе може да расте, да учи и да ги развива своите таленти и способности.

Од Општина Кисела Вода информираат дека забавата по повод патрониот празник во Паркот „Македонија“, веднаш до домот на култура ”Билјана Беличанец” ќе продолжи од 20 часот со стенд ап шоуто на актерите Атанас и Тино, и диџеј сетото на дизеј Напстер.фф/цр

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан