• среда, 25 декември 2024

Општина Карпош ќе субвенционира купување на нови велосипеди и електрични тротинети

Општина Карпош ќе субвенционира купување на нови велосипеди и електрични тротинети
Скопје, 18 март 2022 (МИА) - Општина Карпош од понеделник ќе започне со спроведување на акција за субвенционирање до 30 проценти од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и 30 проценти од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Како што информираат од Општината право на аплицирање за субвенции имаат сите полнолетни жители на Карпош, кои ќе купат нов велосипед или електричен тротинет започнувајќи од 21.03.2022 година. Притоа, жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција за оваа намена или пак добиле средства од Град Скопје за тековната година, немаат право да учествуваат по јавниот оглас. Апликантите за субвенции треба да приложат барање за субвенција за купување на нов велосипед или електрични тротинети, изјава за согласност за обработка на лични податоци, фотокопија од лична карта, трансакциска сметка и фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет, кој е купен не порано од предвидениот датум. Барањата со комплетната документација се доставуваат до архивата на Општина Карпош или пак по електронски пат преку мобилната апликација М-заедница, како и на веб страницата mzaednica.mk, при што е потребно секој од горенаведените документи да биде скениран и прикачен на соодветното место. - По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед и електричен тротинет. Оваа акција ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, а ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“. Правото на субвенција е еднократно, е наведено во соопштението. свс/сп/

Остани поврзан