• понеделник, 23 декември 2024

Општина Кавадарци распредели по 180 илјади денари за мото фест во чест на 12 Ваташки младинци и за јакнење на доброволно противпожарно ,,Сашко Гешовски"

Општина Кавадарци распредели по 180 илјади денари за мото фест во чест на 12 Ваташки младинци и за јакнење на доброволно противпожарно ,,Сашко Гешовски

Кавадарци, 15 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев донесе решение за распределба на финансиски средства по јавниот повик за прибирање на предлог проекти по приоритетни области. За мото фест во чест на 12 Ваташки младинци и за јакнење на доброволно противпожарно „Сашко Гешовски" распределени се по 180 илјади денари. 

Финансиските средства се распределени на повеќе граѓански организации. 

- Распределбата е согласно насоките за подносителите на апликации по јавниот повик, прибирање на предлог проекти по приоритетни области, родова еднаквост и човекови права, негување на културата и културното наследство, младински иницијативи и вработување, социјална инклузија, заштита и спасување на животна средина, грижа за животните од програмата G1, појаснија денеска од кавадаречката локална самоуправа. 

За музеј на џоломарите се издвоени 150 илјади, а за поддршка на деца со јазично - говорни потешкотии, 135 илјади денари. свд/цр

Фото: Општина Кавадарци

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан