Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на мостот кон економската зона
- Општина Илинден потпиша договор со компаниите од Стопанскиот комплекс „Илинден“ за реконструкција на мостот што води кон локалната економска зона во населбата Илинден. Проектот опфаќа целосно проширување на постојниот мост и негова замена со нов со поголема носивост и безбедност, соопштуваат од општината.
Скопје, 23 март 2026 (МИА) - Општина Илинден потпиша договор со компаниите од Стопанскиот комплекс „Илинден“ за реконструкција на мостот што води кон локалната економска зона во населбата Илинден. Проектот опфаќа целосно проширување на постојниот мост и негова замена со нов со поголема носивост и безбедност, соопштуваат од општината.
-Реконструкцијата на мостот ќе придонесе за поефикасно одвивање на сообраќајот, олеснет транспорт на стоки и подобри услови за работа на стопанските субјекти. Со проектот се планира проширување и изградба на нов мост со широчина на коловоз од 7,5 метри и тротоар од 1,5 од едната страна, со што вкупната широчина на мостот ќе изнесува 9 метри и значително ќе ги подобри сообраќајните услови во зоната, каде постоечката широчина на мостот изнесува 4,5 метри, стои во соопштението.
Оттаму дополнуваат дека овој зафат е дел од пошироките активности на Општина Илинден во областа на локалниот економски развој, насочени кон модернизација и унапредување на јавната инфраструктура.ар/са/
Фото:Општина Илинден