• среда, 25 декември 2024

Општина Гази Баба ќе субвенционира купување електрични тротинети

Општина Гази Баба ќе субвенционира купување електрични тротинети
Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Општина Гази Баба информира дека е во тек јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на електрични тротинети.
 
-Објавен е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на електрични тротинети во 2023 година. Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на електричен тротинетот, пишува на својот фејсбук-профил градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. 
 
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба, кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, и кои немаат искористено субвенција за купување на електричен тротинет. сст/дма/
 
Фото: Општина Гази Баба
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан