• недела, 28 јули 2024

Општина Велес обезбеди средства за уредување на просторот околу Спомен Костурницата од НОВ

Општина Велес обезбеди средства за уредување на просторот околу Спомен Костурницата од НОВ

Велес, 6 декември 2023(МИА) - Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев денеска го потпиша договорот со директорот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Сашо Мошев за реализација на проектот „Зајакнување на капацитетите за развој и промоција на туризмот во општините Велес, Градско, Неготино и Росоман". Преку овој проект, Општина Велес обезбеди финансиски средства  за партерно уредување на просторот околу Спомен Костурница од НОВ кај Велес.

Инаку, Спомен костурницата од НОВ кај Велес е изградена во 1979 година и оттогаш неколкупати е реконструирана од средства од Владата преку Министерството за култура. Со неа раководи Народниот музеј од Велес.

Граѓаните на Велес веќе подолго време од локалната власт бараат уредување на овој простор затоа што Спомен костурницата е еден од обележјата на Велес и е една од најпосетуваните спомен обележја на градот од домашни и бројни странски туристи.
Во Спомен костурницата се коските  на стотина борци од Велес и велешко загинати во Народноослободителната војна, а меѓу нив и на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Здруженија на граѓани како „Акцијаши Ветерани“ изминатиот месец работеа на средување на запуштеното зеленило околу Спомен костурницата од НОВ кај Велес.ад/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан