• сабота, 23 ноември 2024

Општина Велес ги чествува двата Илиндена

Општина Велес ги чествува двата Илиндена

Велес,1 август 2024 (МИА) - Во пресрет на најголемиот македонскиот национален празник Илинден - 2 Август, денеска Општина Велес со положување цвеќе на три споменици и Спомен-костурницата им оддаде почит на сите жртви за слободна Македонија. 

Со тоа Општина Велес  одбележа  121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.  По тој повод, делегации на Општина Велес, политички партии, јавни институции претпладнево им оддадоа почит на загинатите броци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна.

Цвеќе положија на споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот, на споменикот на учителот Панко Брашнаров и на спомен- бистата во Спомен-костурницата од НОВ, каде се одржа и пригодна програма.

Од Општина Велес потенцираат дека 2 Август – Денот на Републиката е најголем национален празник во државата, кој со себе ги носи спомените од два значајни историски датума за македонскиот народ – двата Илиндена, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, на кое се поставени основите на денешна Македонија. ад/мд/

Фото: Општина Велес 

Остани поврзан