• вторник, 24 декември 2024

Општина Велес ги повикува сите евидентирани невработени лица да се влучат во Програмата општинско-корисна работа „Заедно под исто сонце“

Општина Велес ги повикува сите евидентирани невработени лица да се влучат во Програмата општинско-корисна работа „Заедно под исто сонце“

Велес, 9 август 2021 (МИА) - Општина Велес ги  повикува сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата општинско-корисна работа, проект „Заедно под исто сонце” за работно ангажирање со скратено работно време за период од девет месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Велес. Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува девет месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Од Општина Велес појаснуваат дека евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што три месеци ќе добијат задолжителна обука и шест месеци работно ангажирање.

- Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци/9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право, посочуваат од општината.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, со завршено образование за специјален едукатаор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС), како и лице наставник по предметна настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС), при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Од локалната самоуправа информираат дека евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19; лица корисници на гарантирана минимална помош; лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; лица со попреченост; жени припадници на помалите етнички заедници; лица припадници на ромската етничка заедница; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот; родители на три и повеќе деца.ад/фф/

Остани поврзан