• вторник, 24 декември 2024

Општина Битола ќе донира облека, храна и лекови во збратимениот украински град Кременчук

Општина Битола ќе донира облека, храна и лекови во збратимениот украински град Кременчук
Битола, 11 март 2022 (МИА) - Општина Битола ќе донира облека, храна и лекови, но иницира и обезбедување хуманитарна помош од други локални институции за жителите од збратимениот украински град Кременчук. Акцијата се организира по одржаната средба на градоначалникот Тони Коњановски со амбасадорката на Украина во земјава. -Во овие тешки времиња за Украина и украинскиот народ, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари контакт со украинската амбасадорка со цел испраќање на помош за Украина. Одлуката на локалната самоуправа овозможува во хуманитарната помош, обезбедување на облека, храна и лекови, да се вклучат граѓаните на Битола и компаниите кои работат на територијата на Општина Битола, се посочува во иницијативата за хуманитарна помош. Како што е познато, Општина Битола и украинскиот град Кременчук се збратимени градови од 2006 година, а во 2011 година во Битола беше отворен и Почесен конзулат на Украина.мт/бт/

Остани поврзан