• понеделник, 23 декември 2024

Општина Битола утврди програма за заштита на потрошувачите

Општина Битола утврди програма за заштита на потрошувачите

Битола, 24 јануари 2023 (МИА) – Новиот Закон за потрошувачите со директивите на Европската унија, како и значењето, улогата и придобивките на интегрирањето на родовиот аспект, ќе бидат во фокусот од серијалот трибини со битолчани кои ќе ги организираат Организацијата на потрошувачи и надлежни институции од градот.

За реализација на оваа активност, за што согласност е обезбедена од општинскиот Совет, ќе бидат изработени и отпечатени леток и брошура во кои ќе бидат посочени законските новини, информираа од Општина Битола.

-Во текот на годината во рамки на Организацијата на потрошувачи-Битола ќе биде отворено функционално советувалиште кое ќе овозможи консултантска поддршка на локалните совети на потрошувачите, ќе ги следи состојбите на локалниот пазар и ќе дава онлајн поддршка и едукација на потрошувачите за актуелни случувања од интерес на потрошувачите. Исто така, во текот на годината ќе се реализираат едулкативни настани за ученици и студенти, а со цел обезбедување што повеќе информации за правата на потрошувачите, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Во рамки на програмата за заштита на потрошувачите за која се предвидени 320.000 денари, ќе биде организирана јавна кампања за одржлива потрошувачка и селекција на отпад. мт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан