• вторник, 03 декември 2024

Општина Берово воведува нова ,,Програма за Образование" за 2024 година

Општина Берово воведува нова ,,Програма за Образование

Берово, 24 ноември 2023 (МИА) - Општина Берово ја усвои новата „Програма за образование“ за 2024 година. Со новата програма, мерките за поддршка за прваче, поддршка за средношколци во прва година средно образование и поддршка за најдобри ученици, ќе се исплаќаат преку Програмата за образование, која што Општина Берово ја воведува од 2024 година.

-Во неа, покрај другите мерки, за прв пат воведуваме и 6.000,00 денари, за сите редовни студенти, кои за прв пат ја запишале студиската година и средства за ученици со континуиран одличен успех, кои завршуваат  основно и средно образование, информираат од општината.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази надеж дека мерката ќе помогне во семејниот буџет, за родителите полесно да можат да ги подмират обврските, особено при плаќање на партиципација за студирање и ќе им олеснат на студентите да покријат дел од трошоците.

-Грижата за сите, е многу важна, а враќањето на парите назад кај граѓаните, е наша обврска, кон подобрување на квалитетот на живот. Сите сме жители на Општина Берово, рече Пекевски.

Согласно новата програма за 2024 година, тој ја најави мерката од 6.000 денари за секој студент од Берово. вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан