• вторник, 24 декември 2024

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да постави семафори на раскрсницата кај ООУ „Љубен Лапе“

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да постави семафори на раскрсницата кај ООУ „Љубен Лапе“

Скопје, 3 септември 2024 

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на раскрсницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“.

Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот, се вели во соопштението од Општина Аеродром. 

Утрово на посочената локација излегоа в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром,Тони Петровски, заедно со тим од полицијата со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот.

Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем. 

Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта, со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот.

Општина Аеродром

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан