• сабота, 23 ноември 2024

Определени финансии за замена на времените објекти на Здравствен дом Скопје

Определени финансии за замена на времените објекти на Здравствен дом Скопје
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) -   За замена на времените објекти од амбулантско-поликлиничка дејност на Здравствен дом Скопје за 2021 година се предвидени 118.000.000 денари, додека за 2022 година 94.400.000 денари, одлучи Владата на денешната седница. Како што соопшти владината прес-служба, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за повеќегодишна јавна набавка на градежни работи, за замена на времените објекти, бараки на бетонска подлога, односно објекти кои се постари од 40 години и со очигледни оштетувања, од амбулантско-поликлиничка дејност на Здравствен дом Скопје. На предлог на Министерството за здравство, Владата донесе Одлука за престанување на важењето на одлуката за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги 5 ЛЕТЕРС ДОО Ресен. -Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за оценување на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели која на 21.12.2020 година и 12.01.2021 година изврши контрола над работата на Друштвото за производство, трговија и услуги 5 ЛЕТЕРС ДОО Скопје во објектот лоциран во село Алданци, Крушево, при што е констатирано дека условите во однос на просторот, опремата и кадарот оценети и усвоени од Комисијата за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели не ги задоволуваат одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во делот на кадарот со што е постапено спротивно на член законските одредби за оваа дејност, стои во соопштението.лв/вј/

Остани поврзан