Опожарен автомобил во движење на автопат Куманово-Табановце
- Патничко моторно возило „бмв“ се запалило во движење на автопатот Куманово-Табановце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и полицијата. Во пожарот нема по

Куманово, 8 април 2022 (МИА) - Патничко моторно возило „бмв“ се запалило во движење на автопатот Куманово-Табановце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и полицијата. Во пожарот нема повредени лица.
- Вчера во 12:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило во движење на автопатот Куманово – Табановце во сопственост на Д.С.(26), соопштија од полицијата.
Екипа на противпожарна единица од Куманово интервенирала и го изгасила пожарот на возилото „бмв“. ам/цр
