Опожарена трска на брегот на Охридското Езеро кај Струга
- Околу 4.000 метри квадратни трска и нискостеблеста вегетација била опожарена, покрај крајбрежјето на Охридското Езеро во близина на Струга.

Струга, 10 април 2023 (МИА) - Околу 4.000 метри квадратни трска и нискостеблеста вегетација била опожарена, покрај крајбрежјето на Охридското Езеро во близина на Струга.
СВР Охрид денеска информира дека на 9 април, во 1 часот и 30 минути случајот бил пријавен во ОВР Струга.
- Покрај крајбрежието на Охридското Езеро, околу патеката која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Пред само десетина дена на овој потег беше регистриран и друг пожар, во кој била зафатена поголема површина со трски. сс/цр
Фото:МИА