• сабота, 04 јануари 2025

Опелка за победата над Ѓоковиќ: Тој е најдобриот тенисер, немав што да загубам

Опелка за победата над Ѓоковиќ: Тој е најдобриот тенисер, немав што да загубам

Бризбејн, 3 јануари 2025 (МИА) - Американскиот тенисер Рајли Опелка ги искажа своите впечатоци за мечот со Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн.

Американецот, кој се наоѓа на 293. место на АТП-листата, го победи светскиот рекет број 7 со резултат 7:6 (8:6) и 6:3.

- Тој е најголемиот тенисер што спортот некогаш го видел. Немав што да загубам против него. Тој е најдобриот играч на сите времиња. На крајот играв послободно и преземав повеќе ризик. Ако играв на моето вообичаено ниво или дури и малку повисоко од вообичаеното, тој ќе ме победеше, изјави Опелка.

Американецот стигна до полуфинале на АТП турнир по шестмесечна пауза. Во оваа фаза од турнирот во Бризбејн ќе игра против Французинот Џовани Мпетши Перикар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан