ОН: 2,2 милиони луѓе се изложени на ризик од глад во Газа
- Директорот на Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања во Газа, Георгиос Петропулос денеска изјави дека повеќемесечната војна меѓу Израел и Хамас доведе до опасност од глад 2,2 милиони луѓе во Појасот Газа.

Њујорк, 27 јануари 2024 (МИА) - Директорот на Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања во Газа, Георгиос Петропулос денеска изјави дека повеќемесечната војна меѓу Израел и Хамас доведе до опасност од глад 2,2 милиони луѓе во Појасот Газа.
„Сега на сите во Газа им е потребна помош и војната мора да престане. Можеме да задоволиме само една третина од потребите на населението за чиста вода за пиење“, изјави претставникот на ОН за Ал Џезира.
Тој посочи дека медицинските и хуманитарните капацитети во Газа мора да бидат заштитени и неопходно е хуманитарната помош непречено да се доставува до блокираната територија. ссм/
фото: ЕПА