• сабота, 23 ноември 2024

ОН предупредува на акутен недостиг на храна во 27 држави од светот

ОН предупредува на акутен недостиг на храна во 27 држави од светот
Њујорк, 20 јули 2020 (МИА) - Пандемијата на коронавирусот им се заканува на 27 земји од светот со криза за храна, се наведува во заедничкиот извештај на Светската организација за храна и земјоделство (ФАО) и Светската програма за храна (WFP). Пандемијата ја влоши веќе постојната состојба на глад во овие земји. На списокот се наоѓаат земји од различни региони - Азија, Централна Америка, Блискиот Исток и Африка. Таканаречените „жаришта“ во следните месеци се изложени на голем ризик од влошување на безбедноста со храната, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од акутна глад. Овие земји претходно страдаа од високи нивоа на недостиг на храна и акутна глад заради различни околности и фактори на стрес, како што се економските кризи, нестабилноста, екстремни временски појави, штетници врз растенијата и болести на животните. Во оваа група земји спаѓаат Авганистан, Бангладеш, Етиопија, Хаити, Сиера Леоне, Сомалија, Јемен и Зимбабве. Тие сега се на врвот на графиконите и го носат товарот на штетното влијание на Ковид-19 врз системот за храна, што предизвика глад за време на здравствената криза. Во извештајот на ФАО и Светската програма за храна се опишуваат четири причини што доведуваат до акутна форма на несигурноста: опаѓање на нивото на вработеност и можности за приходи со зголемување на цените на храната во многу од „жариштата“; прекини поврзани со пандемските контрамерки; остар пад на државните приходи; политичка нестабилност и ескалација на конфликти поттикната од пандемијата. Во обид да се спротивстави на трендовите, ФАО денеска соопшти дека ја зголемува помошта на 428,5 милиони американски долари, како дел од Глобалниот план на ОН за хуманитарна реакција на пандемијата од Ковид-19. Според генералниот директор на организацијата, доколку се преземе акција „сега и на потребното ниво“, нема да биде предоцна да се спречи најлошата криза со храна во последните децении. сд/

Остани поврзан