• вторник, 26 ноември 2024

ОН предупредија дека 19 милиони луѓе во Судан можат да бидат изложени на ризик од глад и неисхранетост во наредните месеци

ОН предупредија дека 19 милиони луѓе во Судан можат да бидат изложени на ризик од глад и неисхранетост во наредните месеци

Њујорк, 5 мај 2023 (МИА) - Конфликтот во Судан би можел да предизвика глад и неисхранетост за 19 милиони луѓе во следните месеци, соопшти Фархан Хак, заменик-портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, цитирајќи податоци од Светската програма за храна.

„Светската програма за храна прогнозира дека бројот на луѓе кои страдаат од акутна несигурност на храната во Судан ќе се зголеми за два милиони до 2,5 милиони луѓе“, рече Хак.

Така, според Хак, „во следните три до шест месеци вкупниот број на луѓе за кои постои таква опасност ќе достигне 19 милиони, доколку не се стави крај на конфликтот во африканската земја“.

Саудискиот министер за надворешни работи принцот Фајсал бин Фархан и неговиот американски колега Ентони Блинкен разговараа за заедничка иницијатива домаќин на преговорите меѓу завојуваните страни во суданскиот конфликт да биде Џеда, Саудиска Арабија, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан