ОН прават напори да се овозможи извоз на житарки од Украина

Њујорк, 17 мај 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и со уште неколку држави, за да се отвори украинскиот извоз и да се избегне недостиг од храна во светот, тврди добро упатен дипломат.
Русија блокираше украински пристаништа на Црното Море за да ја ослабне државата и да го освои нејзиниот брег, пишува Волстрит журнал.
Гутереш ја замолил Москва да дозволи извоз на житарки од Украина, а за возврат ќе се овозможи извоз на руски и белоруски ѓубрива.
Според дипломати, Русија засега не делува како да сака да се договори.
Турција изразила подготвеност да учествува во постигнување договор.
Украина извезе 41.5 метрички тони пченка и пченица во сезоните 2020 и 2021 година, 95 отсто поминале преку Црното Море, покажуваат податоците на Максигрејн, украински посредник за житарки. бд/зш/