ОН: Помеѓу 10.000 и 20.000 Суданци побегнале во Чад
- Помеѓу 10.000 и 20.000 луѓе побегнале од конфликтот во Судан во соседен Чад, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) чии членови се присутни на границата на двете земји.

Женева, 20 април 2023 (МИА) – Помеѓу 10.000 и 20.000 луѓе побегнале од конфликтот во Судан во соседен Чад, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) чии членови се присутни на границата на двете земји.
- Повеќето од оние што бегаат се жени и деца. УНХЦР тесно соработува со владата на Чад и нејзините партнери за да ги процени нивните потреби и да подготви заеднички одговор, се вели во соопштението.
Источниот дел на Чад веќе примил повеќе од 400.000 судански бегалци и „новите бегалци вршат дополнителен притисок врз јавните служби и ресурсите во земјата“, додаде УНХЦР.
Најитни потреби се вода, храна, засолниште, здравствена заштита, заштита на децата и превенција од родово насилство.
Судирите меѓу армијата и паравоените сили во Судан почнаа пред неколку дена, во екот на борбата за власт меѓу двајцата генерали кои управуваат со земјата од државниот удар во 2021 година. јт/
Фото: УНХЦР