• недела, 22 декември 2024

ОН: Населението на Украина намалено за 10 милиони луѓе по инвазијата на Русија

ОН: Населението на Украина намалено за 10 милиони луѓе по инвазијата на Русија

Њујорк, 22 октомври 2024 (МИА) - Населението на Украина се намалило за 10 милиони луѓе или околу една четвртина од почетокот на руската инвазија, соопшти ОН.

- Намалувањето се должи на бегалскиот бран, падот на наталитетот и загинатите во војната, изјави Флоранс Бауер, регионална директорка за Источна Европа на Фондот за население на ОН.

Таа истакна дека уште пред инвазијата Украина се соочуваше со демографски предизвици, а војната ја влоши состојбата.

Во 1991 година, Украина имаше над 50 милиони жители, додека пред инвазијата во 2022 година бројот изнесуваше околу 40 милиони. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан