• сабота, 23 ноември 2024

ОН: Заробеници од војната во Украина претрпеле тортура

ОН: Заробеници од војната во Украина претрпеле тортура
Женева, 15 ноември 2022 (МИА) - Воени заробеници во Украина биле малтретирани и мачени и на руска и на украинска територија, тврдат експерти за човекови права на Обединетите Нации, јави германската новинска агенција ДПА. Шефицата на делегацијата на ОН за човекови права во Украина, Матилда Богнер денеска информираше за откритијата на организацијата преку видео линк од Киев. Според извештајот, само украинската страна им дозволила пристап на експертите до заробените војници, согласно со меѓународното право. Експертите разговарале со украински заробеници откако тие биле пуштени од руски притвор. Делегацијата се повикува на детални информации, дадени од заробениците. Во изминативе месеци, делегацијата зборувала со вкупно 159 воени заробеници притворени од Русија или страни во конфликтот поврзани со оваа држава, вклучувајќи 20 женски лица. Тимот експерти спроведе разговори со 175 машки лица, држени во заробништво од Украинци. бд/паг/

Остани поврзан