• сабота, 23 ноември 2024

ОН загрижени поради планот на Јапонија да испушта радиоактивна вода во море

ОН загрижени поради планот на Јапонија да испушта радиоактивна вода во море
Токио, 9 јуни 2020 (МИА) - Експерти на ОН ја повикаа денеска јапонската Влада да не го забрзува планот за испуштање радиоактивна вода во море од оштетената нуклеарка во Фукушима, додека не се извршат консултации со соседните земји и заедници кои ќе бидат загрозени поради тоа. - Многу сме загрижени поради извештајот дека Владата на Јапонија го забрзала спроведувањето на планот за испуштање радиоактивна вода во океанот, без да остави време и можност за консултации, порачаа експертите на ОН во соопштение до јавноста. Тие побараа планот да се одложи до завршување на пандемијата на новиот коронавирус, по што, според нив, ќе може да му се посвети внимание на тоа прашање. Се очекува резервоарите, во кои се наоѓа радиоактивната вода од нуклеарната централа, да бидат полни до летото 2022 година, а освен со испуштање во Тихиот Океан, јапонската Влада ја разгледува можноста течноста да се отстрани со испарување. гт/

Остани поврзан