• понеделник, 23 декември 2024

ОН, ЕУ и западните земји ја осудија казната на рускиот опозициски лидер Кара-Мурза

ОН, ЕУ и западните земји ја осудија казната на рускиот опозициски лидер Кара-Мурза

Њујорк, 17 април 2023 (МИА) – Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, повика на итно ослободување на рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза, кој e осуден на 25 години затвор.

Никој не треба да биде затворен поради остварување на своите човекови права и ги повикувам руските власти веднаш да го ослободат. Додека е во притвор, тој мора да се третира хумано и со почитување на неговото достоинство, истакна Турк.

Тој додаде дека пресудата за Кара-Мурза „е уште еден удар за владеењето на правото и цивилниот простор во Руската Федерација“.

И Европска Унија ја осуди „шокантно суровата“ затворска казна од 25 години изречена на Владимир Кара-Мурза, м а судскиот процес го оцени како политички мотивиран. Скандалозно тешката судска одлука уште еднаш ја демонстрира злоупотребата на судската моќ за да се изврши притисок врз активистите, бранителите на човековите права и секој глас што се спротивставува на нелегалната агресивна војна на Русија против Украина, изјави Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Советот на Европа е во целосна солидарност со господинот Кара-Мурза и повикува на негово итно ослободувањ“, рече генералниот секретар на Советот Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

Кара-Мурза е жртва на „засилената кампања на репресија на руската влада, изјави рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател, нарекувајќи ја казната „политички мотивирана“. „Го обновуваме нашиот повик за ослободување на Кара-Мурза, како и на повеќе од 400 политички затвореници во Русија.

Франција е „вознемирена“ од пресудата на рускиот опозициски лидер Владимир Кара-Мурза на 25 години затвор, наведе портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре, изразувајќи жалење што рускиот судски систем „стана инструмент за угнетување на Кремљ“.

Германската влада побара итно ослободување на лидерот на опозицијата. удењето на Владимир Кара-Мурза покажува како рускиот суд се користи против него и многу негови сонародници и до кој степен репресијата во Русија достигна неверојатни размери, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Андреа Сас.

Рускиот суд го осуди на 25 години затвор опозицискиот политичар Кара-Мурза поради предавство и други обвиненија поврзани со критиките на војната во Украина.

Поранешниот руско-британски новинар и политичар е уште еден од противниците на рускиот претседател Владимир Путин, кој заврши во затвор.

Кара-Мурза (41) со години се спротивставува на политика на Путин и лобираше кај странските влади и институции да воведат санкции кон Русија и Руси за наводно кршење на човековите права.

Тој беше обвинет за предавство и дискредитација на руската војска, откако ја критикуваше, како што Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина. ми/

фото: Твитер

Остани поврзан