• сабота, 23 ноември 2024

ОН го повикува светот да продолжи со притисокот врз воената хунта во Мјанмар

ОН го повикува светот да продолжи со притисокот врз воената хунта во Мјанмар
Женева, 6 јули 2021 (МИА) – Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башле денеска ја пофали „неверојатната отпорност“ на народот на Мјанмар во помагањето едни на други по воениот удар и насилното разбивање на демонстрациите и ја повика меѓународната заедница да продолжи со притисокот врз воената хунта во земјата за да го запре насилството и да ја врати демократијата. Башле рече дека состојбата со човековите права во Мјанмар се претворила од политичка криза во „мултидимензионална катастрофа за човековите права“, истакнувајќи дека речиси 900 луѓе биле убиени, а 20.000 биле принудени да ги напуштат своите домови поради воени рации. Таа рече дека Светската програма за храна проценува оти повеќе од шест милиони луѓе имаат потреба од помош во храна. Башле го рече ова за време на дискусијата во Советот за човекови права кога повеќе земји го осудија насилството во Мјанмар, повика на ослободување на политичките затвореници и враќање на демократијата, испорака на помош и владеење на правото. јт/

Остани поврзан