• сабота, 23 ноември 2024

ОН: Во Јужен Судан, 1,6 милиони деца се изложени на ризик од неухранетост во 2024 година

ОН: Во Јужен Судан, 1,6 милиони деца се изложени на ризик од неухранетост во 2024 година

Најроби, 6 ноември 2023 (МИА) - Повеќе од 1,6 милиони деца на возраст под пет години се изложени на ризик од неухранетост во 2024 година во Јужен Судан, особено поради последиците од поплавите, предупреди денеска Светската програма за храна на ОН.

Најмладата земја во светот, Јужен Судан, е зафатена од хронична нестабилност и политичко-етничко насилство од независноста од Судан во 2011 година.

Земјата со околу 11 милиони жители се соочува и со екстремни временски појави, вклучително и големи поплави со потенцијално разорни последици за милиони луѓе.

„Гледаме исклучително загрижувачки пораст на неухранетоста особено поради поплавите и пренаселеноста што тие ја предизвикуваат во одредени области“, соопшти агенцијата на ОН, додавајќи дека најмногу страдаат малите деца.

Во мај, Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) процени дека 1,4 милиони деца ќе бидат изложени на ризик од неухранетост во 2023 година. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан