• среда, 25 декември 2024

ОН: Во светот 735 милиони лица гладуваат, тешко до целта за искоренување на гладта до 2030 година

ОН: Во светот 735 милиони лица гладуваат, тешко до целта за искоренување на гладта до 2030 година

Њујорк, 12 јули 2023 (МИА) - Околу 735 милиони луѓе ширум светот во 2022 година се соочиле со хроничен глад, бројка која е многу повисока отколку пред пандемијата на Ковид-19, а исто така е и закана за напредокот кон глобалната цел - искоренување на гладот ​​до 2030 година, соопштија денеска  Обединетите нации.

Минатата година , се чини, привремено запре повеќегодишниот нагорен тренд на стапката на глад, бидејќи многу земји економски закрепнаа од пандемијата, но војната во Украина и нејзиниот притисок врз цените на храната и енергијата неутрализираа некои од тие придобивки, јавија ОН во својот годишен извештај за состојбата со храната и безбедноста во исхраната во светот (СОФИ)

Како резултат на оваа состојба, оценка на ОН е дека во 2022 година дури 122 милиони лица биле погладни отколку во 2019 година, а светот е „далеку надвор од трасата“ кон исполнување на Целта за одржлив развој на ОН за ставање крај на гладот ​​до 2030 година, се наведува во извештајот.

Напротив, со извештајот се предвидува дека до 2030 година дури 600 милиони луѓе ќе бидат неухранети.

-Гледаме дека гладот ​​се стабилизира на високо ниво, што е лоша вест, изјави Максимо Тореро Кален, главен економист на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во интервју за Ројтерс.

Главните двигатели на глобалниот глад во последниве години се нарушувањата предизвикани од конфликти, екстремните климатски ситуации кои го загрозуваа земјоделското производство и економските тешкотии влошени од пандемијата, се наведува во извештајот.

Имаше намалување на гладот ​​во некои делови од светот, вклучително и Јужна Америка и повеќето региони во Азија.

Но, гладот ​​расте на Карибите, Западна Азија и Африка. сд/

Остани поврзан