• понеделник, 23 декември 2024

ОНС: Британскиот јавен долг по повеќе од 60 години го надмина БДП

ОНС: Британскиот јавен долг по повеќе од 60 години го надмина БДП

Лондон, 21 јуни 2023 (МИА) – Нето јавниот долг на Велика Британија во мај е зголемен повеќе од двојно и првпат од 1961 година го надмина бруто домашниот производ (БДП) за прв пат од 1961 година, објави денеска британската Канцеларија за национална статистика (ОНС).

На крајот на мај, нето долгот изнесуваше 2,6 трилиони фунти е 100,1 отсто од БДП, соопшти ОНС.

Долгот се изедначи со БДП откако нето задолжувањето на Владата се удвои на 20 милијарди фунти во мај поради трошоците за програмата за поддршка на сметките за енергија.

Износот на задолженоста во мај е за 10,7 милијарди фунти поголем од истиот период минатата година и е втор најголем во месец мај од почетокот на собирањето месечни податоци пред три децении.

Британскиот министер за финансии Џереми Хант изјави дека Владата носи „тешки одлуки“ за да ги балансира финансиите по пандемијата и руската инвазија врз Украина.

Со право потрошивме милијарди за да ги заштитиме семејствата и бизнисите од најлошите последици од пандемијата и енергетската криза на Путин. Но, очигледно би било неправедно на идните генерации да им се остави долг што не можат да го вратат. Затоа донесовме тешки, но неопходни одлуки за балансирање на финансиите со цел да ја намалиме инфлацијата на половина оваа година, да ја зајакнеме економијата и да го намалиме долгот, посочи Хант. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан