Онлајн настап на кавадаречкиот бенд „Ендемски вид” вечер од 21 часот
- Онлајн настап вечер од 21 часот ќе има кавадаречкиот бенд „Ендемски вид”, во рамки на проект поддржан од Министерството за култура. Ќе настапуваат Мавијан Хаџи-Мустафов на тапани, Димитар Или
Кавадарци, 9 октомври 2020 (МИА) - Онлајн настап вечер од 21 часот ќе има кавадаречкиот бенд „Ендемски вид”, во рамки на проект поддржан од Министерството за култура. Ќе настапуваат Мавијан Хаџи-Мустафов на тапани, Димитар Илиев како вокал, гитара и вокали Даниел Димитров и бас гитара и вокали Ѓеорѓе Станоев.
- Наш стремеж е авторска музика, за МИА изјави Хаџи-Мустафов.
Организатор на настанот е КСП Подиум Јадро. Оттаму нагласија дека бендот се залага за подигање на алтернативната музичка сцена.
- Станува збор за автентична и комплексна музика со тврда подлога која од бендот ја дефинираат како „dream pop со post pank”, појаснија организаторите.
Настанот е дел од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра, преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“ на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена.свд/фф/