• четврток, 26 декември 2024

Онлајн конференција за борба против трговија со луѓе по повод Европскиот ден на жртвите од криминал

Онлајн конференција за борба против трговија со луѓе по повод Европскиот ден на жртвите од криминал
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Онлајн конференција насловена „Борбата против трговија со луѓе во Северна Македонија: Како до подобра превенција и заштита?“ денеска ќе се одржи на платформата ЗУМ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ по повод 22 Февруари - Европскиот ден на жртвите од криминал. Целта на настанот е актуелизирање на проблемот со борбата против трговијата со луѓе во земјава, увид во актуелната состојба и препораки за подобрување. Дискусии со слична тематика ќе се организираат симултано во сите земји од регионот како дел од низата активности организирани и спроведени од страна на организациите партнери на мрежата Радар за организиран криминал на Западен Балкан. Целта на мрежата е придонес кон ефикасна борба против организираниот криминал во земјите од Западен Балкан, која е една од приоритетните области во процесот на пристапување на регионот во ЕУ, особено во рамки на поглавјето 24 за Правда, слобода и безбедност. Мрежата и спроведувањето на активностите е поддржано од амбасадите на Холандија и на Норвешка во Белград и Балканскиот фонд за демократија. вј/сп/

Остани поврзан