• сабота, 23 ноември 2024

Онлајн информативна сесија за сезонска работа

Онлајн информативна сесија за сезонска работа
Скопје, 18 мај 2021 (МИА) - Онлајн информативната сесија за сезонска работа ќе се одржи денеска, активност на Македонското здружение  на  млади  правници во  партнерство со  Националната  комисија  за  борба  против трговија  со  луѓе  и  илегална  миграција  на  Северна  Македонија преку  проектот „Подигнување  на свеста за трговија со деца преку интернет и трудова експлоатација на сезонски работници во Северна Македонија поддржан од ГИЗ“. Од МВР најавија дека на информативната сесија ќе учествува државната секретарка во МВР и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска. Главна цел на информативната сесија е подигнување на свеста во однос на ризиците од експлоатација и трговија со луѓе, информирање на работниците од таргетираните професии (земјоделство, градежништво и угостителство и туризам) во врска со нивните права при сезонска работа, како и воспоставување комуникација помеѓу институциите и синдикатите. - Информативната сесија ќе биде од интерактивен карактер, наменета, пред се, за таргетирани професии–вршители на сезонска работа, синдикатите, локалните комисии, како и општата јавност. На неа ќе се обратат претставници на институциите и ќе бидат презентирани  неколку  теми  релевантни  по  однос  на  сезонската  работа  и  ризикот од експлоатација и трговија со луѓе, се посочува во најавата од МВР.фф/лв/

Остани поврзан