• сабота, 23 ноември 2024

Олимпискиот оган го започна патувањето од Грција кон Франција за ЛОИ „Париз 2024“

Олимпискиот оган го започна патувањето од Грција кон Франција за ЛОИ „Париз 2024“

Атина, 27 април 2024 (МИА) - Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“, а на 8 мај се очекува да пристигне во Марсеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган за првпат ќе биде пренесен по морски пат, а според најавите, „Белем“ ќе го придржуваат 1.000 бродови.

Вчера, на церемонија на античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, онаму каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган им беше официјално и свечено предаден на организаторите на Летните олимписки игри „Париз 2024“. ср/зс/

Остани поврзан