• вторник, 24 декември 2024

Олеснување на пристапот на материјално необезбедените домаќинства до гарантирана минимална помош

Олеснување на пристапот на материјално необезбедените домаќинства до гарантирана минимална помош
Скопје, 24 април 2020 (МИА) - Владата на денешната 46-та седница донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба, со која се олеснува пристапот на материјално необезбедените домаќинства до правото на гарантирана минимална помош и се овозможува остварување паричен додаток заради покривање дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и во месеците од април до септември 2020 година. Како што соопшти владината прес-служба, надоместок заради попреченост и надоместок за помош и нега од друго лице се продолжува врз основа на наодот и мислењето од надлежната комисија за време на траење на вонредната состојба, како и два месеца од денот на престанок на вонредната состојба. - Воедно, се овозможува стручните лица даватели на јавни услуги, вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели, да вршат стручна работа во дејноста социјална заштита за време на траење на вонредната состојба, соопшти владината прес-служба. хс/ац/

Остани поврзан