• недела, 01 февруари 2026

Олгин: Христодулидис и Ерхурман ќе продолжат со напорите за постигнување договори за мерките за градење доверба

Олгин: Христодулидис и Ерхурман ќе продолжат со напорите за постигнување договори за мерките за градење доверба

Никозија, 28 јануари 2026 (МИА) - Лидерите ќе продолжат со напорите за постигнување договори за разните мерки за градење доверба што се разгледуваат, како и кон почнување суштински преговори, соопшти личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање, Марија Анхела Олгин, по заедничката средба со претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, и лидерот на кипарските Турци, Туфан Ерхурман, јави дописничката на МИА од Атина.

Олгин, според соопштението, на средбата истакнала дека ваквиот директен дијалог е од „суштинско значење за изразување ставови, загрижености и надежи“.

- Ова е особено важно бидејќи во моментот се наоѓаме во претпреговарачка фаза. Постојаниот и директен дијалог е од суштинско значење. Лидерите ги споделија своите предлози за исцртување на патот напред, со цел почнување суштински преговори - соопшти Олгин.

Додаде дека двајцата лидери ги разгледале и актуелните иницијативи за градење доверба меѓу двете страни.

Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање вчера имаше одвоени средби со двајцата лидери. ср/јт/

Фото:ОН Кипар

Остани поврзан