• петок, 05 декември 2025

Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното

Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Месец октомври годинава бил постуден и надпросечно врнежлив, покажува анализата на УХМР врз основа на многугодишните просечни вредности.

Средномесечната температура се движела од 6,7 степени во Маврово до 14 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овој октомври бил постуден за 1,8 степени, на ниво на држава.

Највисоката максимална температура, пак, е измерена на 24 октомври во Демир Капија и изнесувала 26,7 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Берово, на 29 октомври и изнесувала минус три степени.

Во месец октомври 2025, месечната сума на врнежи варирала од 55мм во Берово до 151мм во Маврово.

Максимално дневно количество на врнежи од 55мм е регистрирано во Маврово.

Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 25 отсто над просечната.са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан