• четврток, 26 декември 2024

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад
Лондон, 14 октомври 2022 (МИА) - Британската меѓународна хуманитарна организација Оксфам соопшти дека на секои 48 секунди во Источна Африка по едно лице умира од глад, јави агенцијата Анадолија. Оксфам наведе дека хуманитарната ситуација во Кенија, Сомалија и Етиопија се влошува и дека Сомалија ја има најголемата суша од 2011 година. Во соопштението се посочува дека нема доволно врнежи во Источна Африка во четирите сезони на дождови и дека се очекува дождовната сезона да биде слаба во следните три месеци. Исто така се наведува дека климатските промени уништија голем дел од посевите и ги натераа сопствениците на добиток да го напуштат традиционалниот начин на живот. Во соопштението се наведува дека од мај бројот на луѓе кои умреле од глад е зголемен во Сомалија, Кенија и Етиопија. Од Оксфам истакнуваат дека на секои 48 секунди умира по едно лице. Оксфам, исто така, објави дека се потребни дополнителни три милијарди долари за да се достави соодветна помош за оние на кои им треба во Јужен Судан, Сомалија, Кенија и Етиопија. паг/  

Остани поврзан