• вторник, 10 март 2026

Околу 10 милиони евра ќе се вложат во реконструкција на објекти на македонската Армија, најави Мисајловски

Околу 10 милиони евра ќе се вложат во реконструкција на објекти на македонската Армија, најави Мисајловски

Штип, 9 март 2026 (МИА) – Седумнаесет реконструкции на објекти на македонската Армија ќе има оваа година, а инвестицијата е околу десет милиони евра, најави денеска при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Тој денеска заедно со претставници од Генералштабот на Армијата и Mинистерството за одбрана извршија увид во градежните активности на објектите кои што се реконструираат. 

-Денеска можеме да видиме еден целосно готов објект. Но, и еден кој што е речиси до 70 проценти завршен. Очекувам дека во следниот месец комплетно ќе биде завршен овој објект, објектите 34 и 35. Со овие услови покажуваме дека целосно се грижиме за нова модерна инфраструктура. Ова се само дел од објектите кои што ги реконструираме. Како што можете да видите комплетно нова реконструкција, а ова ќе го правиме во сите касарни. Постојано вложуваме во нови проекти, рече Мисајловски. 

Министерот за одбрана истакна дека реконструкцијата на двата објекти во касараната „Јане Сандански“ во Штип чинат околу еден милион евра. Тој наброи само дел од проектите, кои според него се значајни, а наведе и нови, кои се очекуваат во текот на годината. 

-Околу 17 нови проекти очекуваме оваа година да започнеме, а заедно оваа година и наредната преку 10 милиони евра планираме да вложиме дирекно во инфраструктурата. Да ги реконструираме сите овие капацитети, што ги имаме како министерство за одбрана, каде што со години не беа пипнати, рече Мисајловски. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан