• среда, 02 октомври 2024

„Оејзис“ со концерти и во Канада, САД и Мексико

„Оејзис“ со концерти и во Канада, САД и Мексико

Лос Анџелес, 1 октомври 2024 (МИА) - Британскиот поп-состав „Оејзис“ минатиот месец објави продолжување на работата, со што браќата Лијам и Ноел Галагер, кои го сочинуваат дуото, ставија крај на и долгогодишната кавга меѓу нив и 15-годишната пауза. По објавените настапи ширум Велика Британија, вчера бендот соопшти дека ќе имаат концерти и во Северна Америка летото следнава 2025 година.

„Америка. ‘Оејзис’ доаѓа. Имате една последна можност да докажете дека сте нè сакале цело ова време“, соопшти „бритпоп“-групата.

Концертите ќе се одржат на стадиони во пет градови во Канада, САД и Мексико. Во август и септември дуото ќе настапи во Торонто, Чикаго, Њујорк, Лос Анџелес и Мексико Сити, а како предгрупа на отворањето ќе свири американскиот рок-состав „Кејџ ди елефант“ (Cage the Elephant).

Билетите за Северна Америка се пуштени во продажба. си/рп/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан