• понеделник, 23 декември 2024

Од утре Софија ги затвора ноќните клубови

Од утре Софија ги затвора ноќните клубови
Софија, 24 октомври 2020 (МИА) - Од утре сите ноќни клубови во главниот град на Бугарија ќе бидат затворени. Мерката ќе важи во следните две недели, објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. Одлуката доаѓа по состанокот со општинскиот штаб и врз основа на зголемените случаи на Ковид-19 и хоспитализираните пациенти во Софија, јави агенцијата БГНЕС. Фандакова ги повика компаниите во Софија, доколку има можност, да им дозволат на своите вработени да работат онлајн. паг/

Остани поврзан