• недела, 28 јули 2024

Од утре времен режим на сообраќај на патот од Кокино до село Арбанашко поради градежни активности

Од утре времен режим на сообраќај на патот од Кокино до село Арбанашко поради градежни активности

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - На регионалниот пат од село Кокино до село Арбанашко од утре ќе биде воведен времен режим на сообраќај, односно од 10 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин во двата правца поради градежни активности.

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека секој работен ден од понеделник до сабота во периодот од 10 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин. 

- Времениот режим ќе трае 30 дена, односно се до завршување на градежните работи, се наведува во соопштението. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан