• сабота, 23 ноември 2024

Од утре во функција новата автобуска линија „111“ (Сарај - Радуша)

Од утре во функција новата автобуска линија „111“ (Сарај - Радуша)
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Од утре ќе почне да функционира новата автобуска линија „111“ (Сарај - Радуша). Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село. Како што информира ЈСП „Скопје“, автобусите на линијата „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред: Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30 и Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч. -Линијата се воведува по барање на локалното население, а по изготвената анализа на терен која укажа дека барањето е основано, односно исполнети се сите услови за воведување нова линија на посочената релација согласно критериумите од Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје. Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населеното место Радуша со Сарај и жителите на Радуша ќе добијат редовен превоз, стои во соопштението. Од ЈСП „Скопје“ посочуваат дека во соработка со Град Скопје разгледуваат и други слични барања со цел јавниот превоз да стане подостапен за сите граѓани и за сите населени места. мд/дма/

Остани поврзан