• сабота, 06 декември 2025

Од урнатите бараки на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево остана само стаклената волна

Од урнатите бараки на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево остана само стаклената волна
Кичево, 5 февруари 2022( МИА) - Времените објекти лоцирани на улицата „Борис Кидрич“ во близина на ОУ „К.Ј.Питу“ во Кичево пред четири месеци беа урнати поради реконструкција на улицата. Сопствениците на овие објекти речиси целосно ги подигнаа материјалите од кои беа изградени бараките, додека од монтажните објекти остана единствено стаклената волна, која била користена за топлотна изолација на поткровјето и ѕидовите и која и денес се наоѓа на истата локација расфрлана на сите страни. Жителите од блиската населба се загрижени затоа што ни после четири месеци стаклената волна не е исчистена од местото на бараките и претставува закана по нивното здравје. -Кога беа урнати времените објекти требаше овој простор целосно да биде исчистен, но и по неколку месеци на самото место се уште стои расфрлана опасната стаклена волна, кој е штетна по здравјето за нас жителите од блиската населба, истакнуваат разочараните жители од населбата „Коњски ливади“ и го посочуваат проблемот со кој се соочуваат и учениците од училиштето кое се наоѓа во непосредна близина на овој простор. Според жителите од населбата, стаклената волна е штетна и за учениците од соседното училиште, каде во непосредна близина се наоѓаат спортските игралиште каде се собираат голем број на деца. Тие бараат стаклената волна да биде отстранета од овој простор за да можат спокојно и без последици да живеат. за/аа/

Остани поврзан