Од Премиер лигата до Чемпионшип: Лампард промовиран во тренер на Ковентри
- По 18 месеци без тренерски ангажман, Френк Лампард конечно најде место во вториот ранг на англискиот фудбал - Чемпионшип, бидејќи некогаш одличниот фудбалер ја прифати поканата и понудата на Ковентри.
Ковентри, 28 ноември 2024 (МИА) - По 18 месеци без тренерски ангажман, Френк Лампард конечно најде место во вториот ранг на англискиот фудбал - Чемпионшип, бидејќи некогаш одличниот фудбалер ја прифати поканата и понудата на Ковентри.
Поранешниот англиски репрезентативец докажа дека не пати од вишок на суета и комплекси, бидејќи нема проблем да работи во пониските англиски рангови на натпреварувањето, по епизодата на чело на Челси.
-Воодушевен сум што Френк Лампард се согласи да се приклучи на нашиот клуб. Тој веќе има искуство со работа во Чемпионшип и знае што е потребно за да успее. Неговата работа во Челси и Евертон ќе му помогне да го однесе нашиот клуб на следното ниво и да се движи кон постигнување на целите кон кои целиме, изјави по тој повод сопственикот на Ковентри, Даг Кинг.
Поранешниот стратег на Евертон и Дерби го замени Марк Робинс, чија ера во Ковентри заврши со отказ по седум години, а Лампард се очекува да ги подигне од очајното 17. место во Чемпионшип лигата. дс
Фото: Архива