Од понеделник отпочнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово
- Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци.

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци.
При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим.
Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино. цр/аа/
Фото:МИА архива